Complexity, како еден од попознатите кланови на Counter-Strike сцената заедно со gotfrag.com
ги откриваат своите тактики на успешната игра, на сите мапи, без
разлика од која страна играат т.е дали се Counter-Terrorist или пак
Terrorists.
Inferno
Matt "Warden" Dickens (1) Justin "Sunman" Summy (2) Danny "fRoD" Montaner (3) Tyler "Storm" Wood (4) Cory "tr1p" Dodd (5)
Напад (Terrorists)
За време на нападите како терористи, 3D најчесто го играат класичното
SK позиционирање со мали промени понекогаш. Скоро секогаш fRoD(3) и
tr1p(5) тргнуваат накај средината со тоа што завртуваат лево накај
"bannana" пред “бомб сајтот” В каде што фрлаат граната внатре и се
повлекуваат назад на средина за понатамошното групирање. Остатокот од
тимот оди на таканаречената "втора средина" , и додека се групираат го
качуваат Warden(1) на прозорецот, или пак го оставаат да ја зафати
средината заедно со fRoD и tr1p. Storm(4) за време на качувањето кое го
прави Sunman(2), го зафаќа апартманот и ги чува своите соиграчи од
агресивни напади од страна на Counter-Terrorists. После качувањето
Sunman(2), оди заедно со Storm(4) во апартманот. Кога вака ќе се
групираат, тимот е спремен за агресивен напад врз бомб сајтот А, но
сепак го оставаат Warden(1) да провери и да успее да открие позиција на
некој од CT's. Frod(3) и tr1p(5) полека ја зафаќаат средината и
навлегуваат, каде што fRoD(3) фрла "smoke grenade" на левата страна,
додека tr1p(5) ja зачадува библиотеката. Sunman(2) и Storm(4) пополека
навлегуваат во апартманот, но чекаат се додека остатокот од тимот не
навлезе во средината па потоа заедно излегуваат и им помагаат за да се
заврши успешната акција.